Меси: „Веќе ми недостасува дресот на Аргентина“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Веќе ми недостасува дресот на Аргентина“, порача денеска Лионел Меси, откако прославениот аргентински капитен го одигра последниот натпревар за својата земја.

„Вчера беше мојот последен натпревар и веќе ми недостасува носењето на сино-белиот дрес. Знам дека ја носам вистинската одлука. Беше неверојатно патување, полно со радост, но и малку тажно, но знам дека секој чекор што го направив вредеше“, истакна Меси во објава на социјалната мрежа Инстаграм.

Триесетидеветгодишниот Меси го одигра својот 208. и воедно последен настап во аргентинскиот дрес го имаше ноќта меѓу вторникот и среда, во пријателски натпревар против репрезентацијата на Бенин, одигран во Буенос Аирес.

Аргентина победи 3-0, а Меси го постигна третиот гол, што беше негов 126. за репрезентацијата.

Осумкратниот освојувач на Златната топка им се заблагодари на своето семејство, пријателите, соиграчите, тренерите, клубовите, легендарниот Диего Марадона и на Бога.

„Благодарен сум. Ве сакам сите многу, ќе ми недостигате и секогаш ќе бидам благодарен што сте со нас, со мене“, наведе Меси, кој долги години како капитен ја предводеше Аргентина, со која ја освои титулата светски првак во 2022 година, како и титулите на Копа Америка во 2021 и 2024 година.