Мета, компанијата која е сопственик на социјалната мрежа Фејсбук, ги забрани руските медиуми RT и Rossiya Segodnya да ги користат своите платформи, тврдејќи дека тие користеле измамнички тактики за да вршат тајни операции за влијание на интернет, објави Ројтерс.
Забраната означува остра ескалација на акциите на најголемата светска компанија за социјални медиуми против руските државни медиуми по години преземање поограничени мерки, како што се блокирање на поединечни објави или намалување на нивниот досег.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во петокот рече дека земјите треба да ги третираат активностите на рускиот државен медиум RT како што ги третираат тајните разузнавачки операции.
