Неколку вагони од метрото во германскиот град Хамбург излетаа од шините вечерва. За среќа, немало патници, а на лице место се протипожарните и полициските екипи, јавува Билд.
Несреќата се случила на станицата Билштет, откако возот се судрил со тампон за стоприрање на пругата за враќање назад, односно во делот каде возовите вртат за обратен правец. Од силата, три вагони излетале од шините.
Сообраќајот на таа делница бил веднаш прекинат, а веднаш бил воспоставен со автобуси.
Според првите информации, несреќата била предизвикана од прекумерна брзина. Машиновозачот бил пренесен во болница.
ФОТО: Архива
Zum Glück war der Zug leer! 😬https://t.co/Hgjqf8IBW6
— Marco Adam (@MarcoAdam14) January 20, 2026
