Михаел Рот се повлекува од политиката

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Михаел Рот, претседателот на Комисијата за надворешна политика на Бундестагот, соопшти дека по 27 години се повлекува од политиката.

Рот кажа дека неговата одлука е конечна, и се заблагодари на своите гласачи.

„После 27 години и многу големи задачи во Бундестагот, сојузната влада и СПД, за мене политиката ќе биде завршена по следните сојузни избори. Луѓето во мојата изборна единица директно ме избраа во парламентот седум пати. Решен сум и бескрајно сум благодарен“, изјави Рот.

Рот неколку пати беше и во посета на Македонија, каде остваруваше средби со челниците.