Голема победа за македонската таеквондистка Мила Рељиќ над двократната олимписка шампионка Џејд Џонс.
Конечниот резултат од денешната борба е 7:6 за Рељиќ. Македонката се пласира во четвртфиналето категорија до 57 килограми.

Претходно, македонскиот борач Владимир Егоров експресно го заврши настапот на Олимпијадата во Париз. Тој загуби од Амар Шерават со 0:10 категорија минус 57 кг слободен стил.
