Миленковски: Студентите на UACS сметаат дека Трамп ќе победи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Филип Миленковски, студент на UACS (University American College Skopje), вечерва во специјалното издание на „Клик Плус“ на ТВ21 посветено на изборите во САД, рече дека прогнозите на студентите се дека Трамп ќе ги добие изборите, а дека тој му дава предност на Бајден.

„Студентите на University American College Skopje даваат предност на Трамп, и сметаат дека тој ќе освои нов мандат. Но, според најновите анализи, јас мислам дека Бајден има голема шанса“, рече Миленковски.