Филип Миленковски, студент на UACS (University American College Skopje), вечерва во специјалното издание на „Клик Плус“ на ТВ21 посветено на изборите во САД, посочи дека студентите при Универзитетот сметале дека Трамп е потенцијалниот победник на овие претседателски избори.
„Целокупниот број на студенти при UACS очигледно сметале дека Доналд Трамп би бил потенцијален победник, но во една тесна трка меѓу двата кандидати“, посочи Миленковски.
Тој додава дека според последните анкети, кандидатот Џо Бајден има поголеми шанси за победа.
