Милевски: Играчите го исполнија сето она што го барав од нив

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонската репрезентација одигра без голови против Летонија, пред ревашвачкиот квалификациски натпревар против Велс во вторник.

Селекторот Благоја Милевски на прес-конференцијата после натпреварот ги искажа импресии од мечот, и кажа дека е задоволен о тоа што било прикажано од тактички и формациски план.

„Сето она кое го зададовме како натпревар освен победата, сето беше исполнето, а тоа беше да видам како се однесува тимот во една нова формација, со нови тактички задолженија, во моменти кои до сега не сме ги правеле. Од таа страна морам да изразам задоволство. Штета и жал ми е што немаме подобри услови за игра, се надевам дека час поскоро да направиме напори да им овозможиме подобри услови за игра што се однесува до теренот да бидеме поефективни во таа завршница. Во тие завршни моменти, во таа трета зона кога имате еден згуснат бедем, и начин на кој се брани противникот, треба да имате одличен завршен пас, но тој го немавме денеска, но направивме неколку прилики за гол, за жал не ги искористивме. Честитки за двата тима, и за Македонија и за Летонија. Неслучајно ја одбравме Летонија за противник, затоа што во принцип сакам да играм со силни противници, и се покажа како квалитетен тим, и тоа го видовме и вечерва“, рече Милевски