Милевски: Добивме група во која може да се надеваме на пласман на Светското првенство

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонската репрезентација ги доби Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн за противници во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година, кое се ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.

Селекторот Благоја Милевски истакна задоволство од ждрепката.

„Извлекувањето во Цирих ни носи надеж.

Добивме група со репрезентации со кои може да играме и да се надеваме на добар пласман. 

Белгија е голем фаворит. Една од најсилните светски селекции и ќе биде големо изненадување доколку не успее да го освои првото место во оваа конкуренција.

Велс е одлична репрезентација, тим кој игра динамичен и брз фудбал. Се разбира дека влегуваат со свои пресметки за конечниот пласман во групата, но убеден сум дека можеме да се спротивставиме на вистински начин. 

Казахстан и Лихтенштајн можеби немаат позитивни резултати во последните квалификациски циклуси, но секој нов почеток е нова надеж и за условно, помалите репрезентации во групата. 

За мене е важно ние да го задржиме истиот пристап како на последните натпревари од Лига на нации, силно мотивирани да влеземе во квалификациите и да одново да се бориме за резултат кој може да ни донесе можност за евентуален пласман на големо натпреварување”, рече Милевски.