Милевски: Надлежните да преземат нешто околу теренот на стадионот, ова не е нормално

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Селекторот на македонската репрезентација Благоја Милевски, веднаш по победата на Македонија над Фарски Острови во шестото коло од Лигата на Нации, се пожали на состојбата со теренот во Скопје.

Тој апелираше до надлежните да се подобри ситуацијата со теренот на Националната Арена.

„Најпрво сакам да апелирам до надлежните. Овие момци заслужуваат респект и подобри услови, но ситуацијата со теренот не е нормална. Досега молчев, намерно не сакав ништо да кажам за да не речат дека барам алиби, но дефинитивно ситуацијата со теренот е катастрофална“, изјави Милевски по мечот.