Милевски: Прагот кој што се предлага од 3 насто е нелогичен и невозможен да се направи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Либерално-демократската партија и актуелен министер за локална самоуправа Горан Милевски денеска гостуваше во „10 Минути“ на ТВ21.

Тој бара да се корегира одредбата за прагот од 3 проценти, односно тој праг воопшто да не постои или да се намали до степен прифатлив за помалите партии.

„Практично прагот кој што се предлага од 3 насто е нелогичен и невозможен да се направи, бидејќи 3 насто доколку некој освои, тогаш тој сам ќе направи листа ќе оди носител и ќе добие два советници а не еден, со три насто гласови се добиваат 2 советници во одредени општини, така што е нелогично и многу е висок овој праг. Не е исто некој што освојува 20 илјади гласови со некој што освојува 2 илјади гласови. И не можете вие ист цензус да му ставите на сите“, порача Милевски.

Во продолжение целата изјава: