Минесота: Полиција усмрти 20-годишен Афроамериканец

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во неделата во Минеаполис се одржа протест поради убиството на Афроамериканец за време на полициска интервенција на место оддалечено само 15-тина километри од локацијата каде афроамериканецот Џорџ Флојд го ​​загуби животот минатата година за време на бруталната полициска интервенција.

Демонстрантите се собраа за убиството на 20-годишниот афро-американец Донте Рајт, а за време на протестот извикуваа „Правда за Џорџ Флојд“ и оштетија две полициски возила.

Во претходното полициско соопштение се вели дека младиот Донте Рајт бил рутински запрен додека управувал со автомобилот, а при проверката било утврдено дека е распишана потерница за него.

Откако полицијата се обидела да му стави лисици и да го уапси, Рајт влегол во неговиот автомобил обидувајќи се да го напушти местото на настанот, но еден од полицајците го застрелал. Момчето сепак побегнало, но недалеку од местото на инцидентот удрило во друг автомобил и починало, пренесува Ројтерс.

Сега е објавена и видео снимка од овој ужасен момент каде може да се забележи дека е застрелан додека се борел на предното седиште од автомобилот.

Полицајката која го застрелала, според најновите наводи од полицијата, сметала дека извадила тејзер (електро шок ламба), а не пиштол. Кога го застрелала може да се забележи и нејзиното панично викање „Го застрелав, го застрелав“.

Предупредување: Видеото содржи вознемирувачка содржина: