Минимална плата-за граѓаните нереално покачување – Бауши: Покачувањето е само за гасење на социјалниот пожар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Покачувањето на минималната плата на 20 175 денари не е доволно велат граѓаните кои ги анкетиравме. Велат дека покачувањето е нереално во однос на зголемувањето на цените.

„Не е доволно. Треба да се покачат платите за да останат младите тука инаку сите ќе бегаат. Како што почна овој тренд, нема да застане. Треба да се овозможат подобри услови за работа и подобри плати“.

“Има уште простор…“

Претставувањето на покачувањето на минималната плата како големо достигнување е сензационална политика, смета економистот Абил Бауши. Истакна дека секое покачување е важен поттик за таа категорија на граѓани кои зависат од тоа покачување.

„Колку и да мислите дека тоа е големо достигнување, ќе видите дека всушност е нешто за гаснење на социјалниот пожар во нашето општество. Ако се види дека ценовната инфлација на основните производи е до 35% и ако се спореди со 2016 година, тоа е зголемување од 35%. Ако направиме едноставна анализа, минималната плата треба да се покачи за 35% и просечната плата и стандардот на луѓето, но тоа не се случува туку спротивното“, вели Абил Бауши.

Инаку потрошувачката кошничка не може да се покрие ниту со две минимални плати. Што се однесува до подобрувањето на животниот стандард, според економистот Абил Бауши, такво нешто е невозможно се додека просечната плата не надмине две минимални плати.