Минисерот за одбрана на БиХ Зукан Хелез го посети Бошњачкиот демократски сојуз во Македонија: Повик за единство и гласање според убедувањето

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Зукан Хелез, денеска беше во посета на седиштето на Бошњачкиот демократски сојуз (БДС) во Република Северна Македонија, каде што оствари средба со раководството на партијата и изрази целосна морална поддршка за нивните настојувања во пресрет на претстојните локални избори 

Во обраќањето по средбата, министерот Хелез ја нагласи важноста од политичко организирање на Бошњаците надвор од границите на Босна и Херцеговина и ја поддржа нивната борба за еднаков статус, зачувување на идентитетот и посилно присуство во институциите на Северна Македонија.

„Бошњаците во Северна Македонија се важен дел од поширокиот бошњачки корпус. Важно е да останете единствени, политички активни и да гласате слободно – според вашето убедување. Вашиот глас е вашиот идентитет и вашата иднина,“ порача министерот Хелез.

Претставниците на Бошњачкиот демократски сојуз му се заблагодарија на министерот Хелез за посетата, која ја оценија како знак на почит, но и како јасна порака дека Бошњаците, каде и да живеат, не се заборавени.

Посетата на министерот Хелез има дополнителна симболична тежина во пресрет на локалните избори во Северна Македонија, каде Бошњаците, како автохтона малцинство, се стремат да ја зачуваат политичката видливост и да обезбедат соодветна застапеност во локалните заедници.

Оваа посета, како што порачуваат од БДС, дополнително ги охрабрува да ја продолжат борбата за еднаквост, институционално присуство и зачувување на националниот идентитет преку демократски и мирољубиви средства.