Министерот Крешник Бектеши позитивен на коронавирус!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за економија Крешник Бектеши има позитивен тест на коронавирусот. Тој ова го соопшти на својот профил на „Фејсбук“. Нема никакви симптоми, а членовите на неговото семејство се негативни.

„Драги пријатели,

Сакам да ве известам дека и покрај максималните напори за почитување на протоколите и мерките за заштита од коронавирусот, добив информација дека сум позитивен на КОВИД-19 тестот направен утрово.

За среќа, немам никакви симптоми и се чувствувам добро, а членовите на моето семејството по денешното тестирање се негативни на тестот за КОВИД-19.

Ве повикувам сите да се придржувате кон протоколите и мерките за заштита, ви посакувам се најдобро на вас и вашите семејства!
Заедно со вашата поддршка, ќе го надминеме овој предизвик!
Здравје и среќа за сите!“, напиша Бектеши.