Министерот Османи пристигна во Софија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи попладнево пристигна во Софија, јави дописникот на МИА од бугарскиот главен град.

Според дипломатски извори на МИА во Софија, македонската делегација предводена од Османи веднаш по пристигнувањето се упатила на средба со бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева во владината резиденција во Бојана.

Претходно, од неговиот кабинет за ТВ21 истакнаа дека централна точка на разговорот ќе биде Акцискиот план помеѓу двете држави, но сепак повеќе детали најавуваат откако министерот ќе се врати во Скопје. Ќе се разговара и за други теми.

Од кабинетот на Османи за ТВ21: Посебна средба со Захариева, централна точка Акцискиот план

Информацијата ја потврдија и од Владата, од каде исто така велат дека повеќе детали ќе добијат од МНР откако Османи ќе се врати од Софија.