Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, во гостувањето во емисијата „Бизнис 21“ објасни со кои мерки ќе се враќаат младите во Македонија.
„Точно дека заработуваат повеќе во западните земји, но ако ги пресметате сите они трошоци кои таму ги имаат, ќе видите дека трошат многу повеќе за станбен простор, нели кај што живеат, многу повисоки се цените пазарни и секојдневни потреби на нив“, вели Велковски.
Според него, доколку тие се вратат во својата земја, овие трошоци ќе бидат намалени.
„Ние преземаме сет на мерки во секој еден сегмент за да имаат и среден социјален дел, образовен, здравствен. Ние не говориме за тоа да им понудиме плата која што ќе ги задоволи, а сето друго да го занемариме“, вели Велковски.