Бугарската министерка Теодора Генчовска се сретна со нејзиниот грчки колега Никос Дендиас за време на официјалната посета на Софија на премиерот на Република Грција Киријакос Мицотакис, соопшти прес-центарот на бугарското Министерство за надворешни работи.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, двајцата министри за надворешни работи разговарале за клучните прашања од билатералната агенда и актуелните случувања во регионот на Западен Балкан.
Внимание беше посветено и на приоритетните теми од агендата на ЕУ. Двете земји ја потврдија нивната благодарност за нивото на билатералните односи, нивната стратешка природа и нивното значење за стабилноста.
Министрите за надворешни работи на Бугарија и Грција се изјаснија за продлабочување на соработката за прашања од заеднички интерес. Беше споделена визијата за зајакнување на соработката во областа на енергетското и транспортното поврзување, што е важно не само меѓу Бугарија и Грција, туку и за регионалната димензија.
