Министерството за финансии на САД претстави нацрт-дизајн на монета од еден долар со ликот на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, по повод 250-годишнината од прогласувањето на американската независност, која ќе се прослави во 2026 година.
На предната страна на монетата е прикажан профилот на Трамп, со зборовите „слобода“ погоре и „1776-2026“ подолу, додека на другата страна претседателот држи стисната тупаница со зборовите „борба, борба, борба“ и американско знаме во позадина, објави Си-Ен-Ен.
Дизајнот алудира на неговиот говор откако преживеа обид за атентат минатата година.