Минусни температури на планините, најмногу снег на Попова Шапка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На планините утрово имаше минусни температури. Најниската температура е измерена на Попова Шапка, -4 степени, а таму има и најмногу снежна покривка 26 сантиметри.

Во Маврово беа измерени минус два степени, исто како и Лазарополе, додека нула степени имаше во Крушево. Најтопло беше во Гевгелија – пет степени.

Најмногу дожд наврна во Струмица 52 литри на метар квадратен, после нив следуваат Гевгелија, Демир Капија, Скопје, Тетово.

После Попова Шапка, снег има и Лазарополе (16 сантиметри), Маврово (12 степени), Ѓуриште има шест сантиметри снежна покривка, додека во Дебар има три сантиметри снег.