Минусни температури наутро, преку ден 20 степени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утрото претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.