Минусни температури низ Македонија – на Попова Шапка измерени -14 степени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утрово најстудено на Попова Шапка каде се измерени -14 степени.

Веднаш зад него се -12 степени во Mаврови Анови, -10 во Крива Паланка, Берово, Kрушево, -6 во Виница, Куманово, -5 во Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп, -4 во Скопје-Зајчев Рид, Битола, Штип, Охрид, -3 во Струмица, Велес, Кавадарци, Претор, -2 во Демир Капија и 0 во Гевгелија.

Сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе има услови за провејување на снег. Ќе дува засилен до силен северен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6 степени.

Во Скопје, сончево и студено со умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.