Попова Шапка со -4 степени беше најстуденото место во земјава утрово во 8:30 часот. Во Маврово беа измерени -2 степени, додека минусна температура имаше и во Охрид -1 степен. Во Битола и во Крушево беа измерени нула степени.
Снежна покривка има на Попова Шапка, каде висината изнесува 89 сантиметри.
Времето денеска сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h).
Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и максимална температура до 14 степени.
