Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека очекува неговата партија да издвојува голема победа во првиот круг локални избори.
Тој потенцираше дека на праг на победа е и Орце Ѓорѓиевски во Скопје.
„ВМРО-ДПМНЕ е на прагот на огромна победа, разликата е 3:1, има општини каде разликата е 6:1, 7:1, 10:1, а во некои општини СДСМ е трета партија.
Се одбраа градоначалници во Кисела Вода, Охрид, Радовиш, Берово, Ѓорче Петров, Гази Баба, Пехчево, Делчево, Прилеп, Битола, Гевгелија, Сопиште, Штип, Велес, Бутел, Аеродром, Јегуновце, Вевчани и на многу други места.
Гласовите се пребројуваат, а резултатите укажуваат на водство. На прагот сме на убедлива победа во Струмица. Орце води убедливо во Скопје, 5:1, во некои општини и 6:1. Имаме водство и во Центар“, вели Мисајловски.
Мисајловски реагираше и на обвинувањата од страна на СДСМ за нерегуларности.
„Во однос на споменатите нерегуларности на СДСМ, разликата е огромна и нема простор за алиби. Изворот за овој девакл да си го бараат во своите редови. Што се однесува до ДУИ, сакам да порачам дека Али ќе има време да си го анализра својот пораз“, изјави Мисајловски.
