реклама

Мишел закажа вонреден самит на ЕУ за Украина кон крајот на мај

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска најави дека кон крајот на мај ќе се одржи вонреден самит на земјите-членки на ЕУ што ќе биде посветен на одбраната, енергијата и на Украина.

„Како што разговаравме во Версај и за време на последниот Европски совет, специјален состанок на Европскиот совет ќе се одржи на 30 и 31 мај. Одбраната, енергијата и Украина се на дневен ред“, напиша Мишел на Твитер.

реклама

Последниот вонреден самит на ЕУ за Украина се одржа на 24 февруари, денот кога Русија го почна отворениот и неиспровоциран напад врз Украина.

Состанокот беше свикан откако Русија ја призна независноста на украинските сепаратистички региони Доњецк и Луганск.

реклама
реклама
реклама
реклама
реклама
реклама