Морските биолози истражуваат мистериозна кожна болест која ги погоди ајкулите со бели перки во Малезија, а раните извештаи укажуваат дека виновник за ова е порастот на температурата на морето.
Овие ајкули кои се познати по белите врвови на перките, обично преку ден се одмораат близу до гребените, и се атракција за нуркачите. Навечер стануваат активни и одат во лов на ситни риби и останати животни.
Во текот на едно нуркање, подводен фотограф блиску остворот Борнео, снимил примерок од ваквиот тип на ајкула како се гледаат невобичаени дамки, па така стручњаците заклучиле дека станува збор за кожна болест.
Во настојувањето да откријат која е причината за болеста, тимот утврдил дека температурата на морската површина пораснала на 29.5 степени, што е за степен повеќе од 1985 година.
„Сигурно можеме да го поврземе загревањето на површината на морето со појавата на кожната болест меѓу ајкулите во водите околу Сипидан“, рече Дејвис Остин Спиџи.
