Митева: Се надевам дека „Има таков народ“ ја научи лекцијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

 Претседателката на 45-то и 46-то Народно собрание на Бугарија Ива Митева по гласањето ги повика граѓаните на државата да гласаат.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Митева додаде дека од нивната одлука ќе зависи иднината на Бугарија и нејзиниот понатамошен развој во една или друга насока.

Митева коментира дека „Има таков народ“ им подава рака на партиите со кои имаат слична политика и гледаат во иста насока. Според неа, одговорно е да се формира влада. Таа коментира дека нејзината партија ја научила лекцијата, направила ретроспектива и така успеала да ги разбере поуките од сето тоа. Затоа „Има таков народ“ ќе работи на дијалог.