Митко Јанчев доби трет мандат на чело на Кавадарци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Актуелниот градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев доби трет мандат на чело на оваа Општина, откако денеска победи уште во првиот круг на локалните избори.

Јанчев на својот профил на „Фејсбук“ напиша дека соодносот во однос на конкурентот е 7:1.

„По трет пат Кавадарци избра работа, чесност и резултати! Соодноста е неверојатна – 7:1 за работа, чесност и резултати! Оваа победа не е само моја, ова е победа на народот, на сите кои веруваат во подобро утре, во фер и посветена работа, во силна Македонија!

Ви благодарам од срце за огромната поддршка, за довербата и љубовта што ја покажавте! Голема чест е повторно да го имам вашиот глас и вашата вера во мене и во тимот.

Голема благодарност и честитки до советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, до сите кои застанаа зад оваа победа, со работа, со идеја, со срце и душа!

Продолжуваме уште посилно, со истата љубов и со уште поголема одговорност.

Кавадарци да биде пример за развој, чесност и успех!“, напиша Јанчев.