Мито и злоупотреба на службена положба – приведени лица поврзани со УЈП и ДПИ поврзани со трагедијата во Кочани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Приведените од Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат се товарат за корупција, злоупотреби и фалсификати.

„Јавноста беше запознаена дека се водеше предистражна постапка за лица кои што беа вработени во УЈП, а поврзани на некој начин со кочанскиот предмет, со тоа што во текот на минатиот ден и денеска се преземаат одредени дејствија, денеска се приведени нешто помалку околу десетина лица и во моментов се вршат претреси на повеќе локации“, порача Љупчо Коцевски.

Предметот се води во надлежност на кочанското обвинителство. Според првичните сознанија на Обвинителството, осомничените се товарат за кривични дела примање и давање мито, како и за злоупотреба на службената положба и овластувања.

„Дел од тие комуникации што беа презентирани во јавноста, дел се опфатени но дадена е и изјава од страна на обвинителството и од моја страна дека дел од тие електронски пораки се дадени во судот, но тоа беше само дел за тој предмет, тоа се поврзани и со овие лица“, вели Љупчо Коцевски.

За „Пулс“ се води уште една истрага во која опфатени се полицајците и за нив во првата половина од декември се очекува да биде покренато обвинение.

Вчера во Скопје почна судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. За најголемата трагедија во земјава во која на 16 март која изгореа 63 млади луѓе и деца, а над 200 беа повредени.