Полната месечина е „виновна“ за многу луди работи и појави. Меѓутоа има и такви митови кои се невообичаени, а поврзани се со полната месечина, и многу луѓе веруваат.
Меѓутоа има ли основа за такво нешто?
Операцијата не е сигурна во текот на полна месечина – преовладува митот дека некои тешки операции треба да се одложат кога е полна месечина затоа што можел да влијае на протокот на крвта. Иако полната Месечина повлекува плима и осека, тоа не влијае на крвнито проток. Истражување покажало дека има нула придонес за исход на 18 илјади операции во клиниката во Кливленд изведени од 1993 до 2006 година. Дури некои истражувања велат дека е добро да оперирате срце кога има полна Месечина поради тоа што има мало влијание на течностите во вашиот организам.
Месечината има темна страна – темната страна на месечината не постои. Според НАСА, она што го нарекуваме темна страна, тоа е далечна страна, па затоа секогаш постојат површини кои не можат да се видат од Земјата.
Мачките и кучињата „полудуваат“ во тек на полна месечина – некои луѓе, па дури и ветеринари веруваат дека мачките и кучињата се однесуваат невообичаено за време на полната месечина. Студиите покажале дека во пораст се бројките на итни случаеви во врска со овие животни во текот на полната месечина, пред и после неа. Меѓутоа не е поради месечината, туку поради тоа што осветлувањето навечер на полна месечина е поголемо, па куќните љубимци остануваат надвор и така потенцијално влегуваат во неволји со други животни.
Полната месечина има влијание на вашиот сон? – научници од Швајцарија биле шокирани кога откриле дека луѓето помалку одмораат во текот на полна месечина. Во својата студија откриле дека на луѓето им требало во просек 5 минути да заспијат, а се буделе 20 минути порано. Исто така минале 30 посто помалку време од вообичајна состојба во длабок сон. Но, истражувачите не го разбрале овој дел, можеби тоа има врска со некои дневни циклуси.
Децата се хиперактивни во текот на полната месечина – во многу култури се верува дека во текот на полната месечина децаа се хиперактивни и не сакаат да одат на спиење. Децата ќе одбијат да спијат во било кое време. Според истражувањата, само за 1% помалку било спиењето на децата во текот на полната месечина, што не е ништо значајно.
Слетувањето на месечината не се случило – луѓето имаат големи теории на заговор дека спуштањето на месечината во 1969 година не се случило. И секоја од тие тероии е разоткриена. Теротичарите на завери го анализирале секој сантиметар и поставиле прашање зошто знамето се виори ако таму нема ветер? Тоа е всушност тоа што астронаутите ја одмотуваат ткаенината. Зошто во позадината нема ѕвезди? Затоа што технологијата на апаратот не можел да ја забележи. Тоа се објаснувањата на научниците.
Полната месечина сите ги излудува – вистина е дека во тој период се случува нешто поголем криминал и повеќе посети на итната помош, но нема доволно докази дека тоа се препишува на фазите на месечината. Научниците го објаснуваат како налет на криминалитетот на природната пораст на активностите кога навечер има повеќе светлина.
