(ВИДЕО) Мицевски до Џафери: До кога ќе ја замолчувате опозицијата?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Се вжештува атмосферата во Собранието на крајот од денот. Опозицијата и власта водат жестока дебата на седницата за интерпелација на Никола Димитров.

Во еден момент „војна на зборови“ имаше меѓу пратениците Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ, и Мартин Костовски од СДСМ.

Кога реплицираше Ристески, Џафери ја исклучи говорницата, па побара процедурално збор координаторот на пратеничката група Никола Мицевски.

„До кога господине Џафери ќе ја замолкнувате опозицијата? Кога навредуваа од власта, не ги исклучувавте. Кога не го изговараа целото име на партијата од опозицијата, тогаш не реагиравте. А, сега реагираме. Ние се однесуваме исто како што вие се однесува на власт. Барам 30 минути пауза, и пратеникот да се извини и да го изговори целото име на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мицевски.

Џафери потоа даде 30 минути пауза.