Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во „10МИНУТИ“ на ТВ21 рече единствена алатка која преостанува се амандманите, затоа што со власта нема дијалог.
„Нема дијалог меѓу пратениците, и затоа единствена алатка како одговор на однесување на власта, е да поднесуваме амандмани“, рече Мицевски.
„Не може ова владеачко мнозинство кое има 62 пратеници да се однесува апсолутистички во Собранието“, додаде Мицевски.
