Единствено решение за излез од кризата според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е владата веднаш да се распушти и да се организираат предвремени парламентарни избори. Вака одговори на прашањето во врска со новите анти ковид мерки кои ги најави министерот за здравство Венко Филипче.
За оставката на Заев Мицкоски скептик. Вели дека тој неколку пати до сега не си го одржал дадениот збор.
Инаку премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев во вторник ќе побара да се констатира неговата оставка, по што партијата ќе треба да избере нов претседател, додека на чело на владата да дојде новиот мандатар. Како што веќе извести ТВ21, фаворит за оваа позиција е актуелниот заменик министер за финансии, Димитар Ковачевски, но Заев во петокот ниту ги потврди ниту ги негираше ваквите гласини. Во вторник исто така се очекува и партијата Алтернатива да одлучи дали ќе влезе во владата. Оваа партија еднаш ја потпиша иницијативата за уривање на владата, а сега дискутира за влез во истата. Лидерот на оваа партија, Африм Гаши по средбата со Заев, рече дека е задолжен да разработи две варијанти на решение. А тоа се очекува да се одлучи во вторник на состанокот на раководството на оваа партија.
