Мицкоски бара продолжување на вонредната состојба

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција посочи дека не може да ја остави државата да тоне, па затоа ќе се бори за народот и државата.

Тој го повика претседателот Стево Пендаровски да ја продолжи вонредната состојба, нагласувајќи дека партијата има два услова да учествува на изборите – подготовка на протоколи за заштита на здравкето на граѓаните и услови за фер и демократски инклузивни избори.

Нагласи дека еден ден откако во земјата ќе стигне Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР може да почне кампањата..

„Имаш време денес до крајот на денот да ја продолжиш вонредната состојба. За зошто да ја продолжи вонредната состојба? Затоа што ВМРО-ДПМНЕ има два услови, а тоа е најпрви да изработиме протоколи со коишто ќе го заштитиме здравјето на граѓаните. Знам дека и тебе ти е тоа приоритет. Од ова кратко време колку што имав можност да те запознаам г. Стево Пендаровски знам дека и тебе ти е тоа приоритет – да изработиме протоколи со коишто ќе го заштитиме здравјето на граѓаните и втората работа, да имаме фер и демократски инклузивни избори во оваа држава Што значи тоа? Тоа значи дека првиот ден кога мисијата набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР ќе бидат во Македонија веднаш по одржаната нивна прес-конференција следниот ден нека биде првиот ден од нашата кампања и од тој прв ден да го утврдиме датумот кога ќе бидат одржани овие избори. Според сегашната ситуација она кое што ние како ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ го антиципираме првата возможна дата е средината на месец јули“, рече Мицковски.