„Денеска децата прав агол за жал под два лењири не можат поврзат. Шестар правилно не се држи. И тоа сакаат да им го одземат со овие глупости кои ги предлагаат“, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски гостувајќи во Сител телевизија.
Мицкоски рече дека она што го предлага Власта е само полнење на џебови, а не дигитализација на образованието.
„Сакаат повторно плачка да прават како и во се друго. Еве јас како инженер и како професор ви тврдат дека тоа што го предлага Мила Царовска нема никаква врска со дигитализација во обраозванието. Никаква врска. Станува збор за пари и полнење на џебови.“, додаде Мицкоски.
