Мицкоски до Апасиев: Шансата ја пропуштивте кога со вашите стопани (ДУИ) ги бојкотиравте претседателските избори (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пратеникот и иден мандатар Христијан Мицковски за прв пат се појави на собраниската говорница. Рече дека чувствува одговорност пред граѓаните дека треба да се извини, за тоа што се случувало на денешната конститутивна седница.

„Да се извинам за тоа што можеа граѓаните да го слушнат од Левица, жалам што мораа да бидат сведоците на ова, тие кои денеска следеа Собраниски канал. Со неколку клипчиња на социјалните медими ќе се обидат да ве девалвираат, но и граѓаните кои масовно ја поддржаа идната влада. Се извинувам и на оние кои го дадоа гласот за овие малкумина пратеници, кои очекуваат дека со агресивен стил ќе постигнат нешто“, рече Мицкоски во својот прв говор како пратеник.

Тој рече дека следува година на реформи, развој и владеење на правото.

„Најавувам бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата“, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече „егзебционистичките моменти“ на пратениците од Левица биле во отсуство на други идеи, па затоа морало како што рече тој да „омаловажуваат“.

„Истите овие луѓе имаа можност да застанат позади политиките кои ги подржаа повеќе од 1,5 милиони граѓани. И тука не се само Македонци. Тие ја пропуштија шансата, првата пред изборите кога повикав за национално единство и втората кога со вашите стопани одлучивте да го бојкотирате вториот круг од претседателските избори“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

На ова следуваше и реплика од страна на пратеникот Димитар Апасиев кој рече дека ова ќе биде уште еден парламент во кој нема да се претседава на македонски јазик.

„Повторно сте на погрешна страна, за косоваризација на македонскиот парламент, но да го видиме вашиот анкетен лист со хидроцентралите кои во меѓувреме можеби ги префрливте на некој. Добро е што се одваживте да бидете јавен функционер. Ние ја одбравме македонската, а вие тиранската платформа“, рече Димитар Апасиев од собраниската говорница.