Христијан Мицкоски е реизбран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и ќе ја води партијата во следните четири години.
Претседателот на Изборната комисија, Зоранчо Јованчев, соопшти дека од вкупно 817 присутни делегати, 804 гласале за Мицкоски, кој беше единствениот кандидат за функцијата.
Конгресот, кој се одржа под мотото „Визија што гради држава – За генерацијата што доаѓа 2030“, усвои два клучни политички документи: „Стратегијата 2025–2030“ и „Парадигма“.
