Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски повика на масовни протести пред Влада, против францускиот предлог. Според Мицковски, со прифаќањето на овој предлог, Еди Рама и Албанија ги почнуваат преговорите но не и Северна Македонија.
Од СДСМ го обвинуваат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски дека се обидува да предизвика тензии во државата. Дарко Каевски вели дека Мицковски заедно со Димитар Апасиев работат против членството во ЕУ.
На средбата со Ковачевски, Мицковски побарал да го одбие францускиот предлог велејќи дека во овој случај ВМРО-ДПМНЕ би се повлекло од барањето за предвремени парламентарни избори.
