Мицкоски: Го поздравувам чекорот на СДСМ за поддршка на Резолуцијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се огласи на социјалните мрежи откако портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов на денешната прес-конференција рече дека партијата ќе ја поддржи Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

-Резолуцијата ги содржи националните црвени линии од кои ниту една Влада не смее да отстапи. ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги обединува сите општествени и политички фактори и да биде носечкиот столб за заштита на националното ткиво и стратешки цели на Македонија. Покажуваме дека обединети сме посилни. Се заблагодарувам на МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА за својот придонес со создавање на текстот на оваа резолуција. Се заблагодарувам на сите политички партии, и од опозицијата и од владејачкото мнозинство кои беа спремни да ја поддржат Резолуцијата или беа спремни на разговор со нас за истата, пишува Мицкоски.

-Доколку СДСМ не постапат според денес кажаното или доколку се обидат низ процедурални собраниски трикови да го закочат носењето на оваа Резолуција, тогаш ќе направат штета за Македонија. Време е Македонија да престане со лошата пазарџиска дипломатија. Македонија има повеќе ум и мудрост од сѐ што видовме досега, напиша Мицкоски.