Мицкоски: Голтнав кнедла за „Бехтел Енка“ и решивме да го реализираме – ако го откажевме ќе не чинеше милиони

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски од студиото на ТВ21 во „Клик Плус“ зборуваше и за коридорите 8 и 10Д.

Мицкоски кажа дека е донесена одлука за продолжување на реализацијата, оти ако бил откажан проектот од „Бехтел и Енка“, државата ќе требало да исплаќа милиони.

„Кога требаше да се оценува проектот на Бехтел и Енка. Апсолутно и натаму го оценувам како најкриминален. Ако сега го откажам вас, нас и идните генерации ќе не чини милиони, затоа добив кнедла, добив политички куршуми, и решив да го решиме час поскоро. Мислете вие мило ми беше. Го имам истиот став, и за фирмата за гаќите, истото го имам“, рече Мицкоски.