Мицкоски: Илинден е нашата светост, посебно чувство за секој Македонец

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Христијан Мицкоски на својот „Фејсбук“ го честиташе големиот празник Илинден.

„Илинден е нашата светост. Посебно чувство за секој Македонец. Тоа е нашата голгота, без која немаше да има слобода. Нашата карпа врз која ја темелиме нашата куќа, затоа како Македонци, како родољуби се поклонуваме на делото. Македонија е повеќе од земја, тоа е нашата љубов, нашата мајка, нашето семејство.
За нејзе вреди се.
За нејзе ќе направиме се.
Да сте живи, здрави и вековити.
Честит Илинден Македонијо!!!“, напиша Мицкоски. 

Тој денеска на одбележување на големиот национален празник е во Ташмаруништа.