Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, се огласи по првиот круг на локални избори. Мицкоски прогласи победа на партијата во над 30 општини уште во првиот круг, а најави и победа на Орце Ѓорѓиевски во Скопје, бидејќи има убедливо водство.
„Ветивме победа, имаме победа! Македонија избра луѓе кои веруваат во работа, а не во зборови. Оваа убедлива победа не е крајот, туку ова е почеток на новата македонска енергија. Во овие недели покжавме дека политиката може да има поинакво лице, без навереди, без омраза, со достоинство. Граѓаните го препознаа тоа, и вечерва со убедливо мнозинство ја потврдија својата доверба не поради нас, туку поради себе. Поради своите семејства, поради својата иднина, поради Македонија. Секој човек кој излезе и гласаше за продолжување на промените, гласаше дека може подобро, тоа е нашата обврска и довербата не е награда, туку задача која почнува утре наутро. Затоа оваа победа не е само наша, туку во сите кои веруваат дека општините мора да одат напред. Да бидам искрен, патот не е лесен, но Македонија има сила и волја. Вечерва не славиме, туку дека ќе работиме, дека секој глас ќе го претвориме во дело. Затоа што вистинската победа ќе биде кога секој човек ќе каже: Да, вредеше.
Пред нас е се уште две недели на одлука, на која треба да ја заокружиме промената. Тезата дека имало нерегуларности е плитка, а сето тоа е алиби да се оправда слабиот резултат на опозицијата.
Имаме победа во над 30 општини уште во првиот круг. Имаме победи и во општини каде што СДСМ имаше свои градоначалници, како што е Струмица. Дваесет години чекавме на овој ден. Имаме победа во Делчево, Берово, убедлива победа имаме во Битола, во Прилеп, во Штип, Кавадарци, Гевгелија, Свети Николе, Охрид, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Велес, Радовиш и така натаму.
Орце има огромно водство во Скопје, и таму извесен победник е Орце во вториот круг“, изјави Мицкоски.