Мицкоски: Истиот Клинички центар во Србија чини 125 милиони евра, а тој на Заев и Филипче пола милијарда

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешниот Дневник на Сител телевизија, зборуваше за изградата на новиот Клинички центар. Лидерот на опозицијата вели дека истиот клинички центар со 1000 легла во Србија чини 125 милиони евра, додека оној кој сака да го гради оваа власт, четири пати повеќе.

-ВМРО-ДПМНЕ реагираше така како што реагираше околу изградбата на тој фамозен Клинички центар, кои што гледам сега во овие 8 милијарди евра повторно се најавува и тоа со сума од минимум 500 милиони евра. Овој документ што го држам во рака е за новиот Клинички центар кои што практично во септември треба да се изгради во Србија, а веќе се гради, и овој Клинички центар кој што е идентичен на нашиот со 1000 болнички кревети и други работи чини верувале или не 125 милиони евра. Или четири пати помалку од оној клинички центар што планира хибридниот режим на СДСМ и Зоран Заев да го изградат. Епа ако ова не е пљачка и криминал во најава, тогаш не знам за што ние зборуваме, дециден е Мицкоски.
Нашиот концепт за изградба на Клиничкиот центар, рече Мицкоски односно концептот на ВМРО-ДПМНЕ е токму како тој што се гради во Србија.

-Ако во 2016-тата и 2017-тата година не се поништи тој тендер, денес граѓаните ќе имаа Клинички центар и реновирани клинички болници во рамките на “Мајка Тереза”. Но, за жал трчајќи по провизии здравјето на граѓаните повторно се става на коцка и за жал граѓаните кај нашиот северен сосед ќе имаат кои ние требаше да го имаме, а го немаме. Туку имаме во најава пљачка од повеќе од милијарда евра, изјави Мицкоски.