Мицкоски: Излегоа на виделина лагите на Владата – СДСМ: ВМРО ја блокира државата, ќе бидат казнети на изборите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Уставните измени се уште во магла, а власта и опозицијата продолжуваат со истите обвинувања и контра обвинувања. Откако вчера собранието не ги обезбеди потребните 80 гласа, како што беше најавено, седницата беше прекината на неопределено време. Од таа причина, лидерот на македонската опозиција Христијан Мицкоски рече дека лагите на власта се разоткриени, а го повтори уверувањето дека уставните измени не се услов за евроинтеграцискиот пат на земјата.

Од СДСМ обвинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ без причина ја блокира евроинтеграцијата на земјава и затоа, како што велат, граѓаните ќе ги казнат на избори.

Претседателот Стево Пендаровски истакна дека опозицијата вчерашното неусвојување треба даго образложи со нудење други алтернативи кои би биле подобро решение според нив. Иако сега ја нема потребната бројка, според него тоа не значи дека во иднина нема да се обезбедат потребните 80 гласа за уставните измени.

ВМРО-ДПМНЕ оценува дека вчерашниот неуспех, како што тие го нарекуваат, ја делегитимира Владата но сосема спротивното го мисли претседателот Пендаровски кој рече дека предвремени избори кои станаа пракса во земјава, никому не му носат ништо добро.