Коментирајќи за реформите во судството и обвинителството, премиерот Христијан Мицкоски кажа дека не може да направи зголемување на плати на лицата за кои, како што кажа, „немаат никаков рејтинг“.
„Реформите во судството се за зголемување на платите. Промената на шесте закони, главната реформа е да се зголемат платите. Следната година ние треба да вратиме 2 милијарди евра, некој што го направил претходно, и што не задолжил сите нас и нашите неродени деца. Во буџет од 6,5 милијарди, ние треба да враќаме 2 милијарди долгови, од некој кој душмански ја задолжувал државата. Ја повикувам јавноста нека каже, дали треба да се зголемат платите на судиите и обвинителите? Еве, јас ќе ја донирам мојата плата, ама барем нека судат согласно закон. Моралот не ми дозволува да се согласам на зголемување плати на лица кои немаат никаков рејтинг. И, ако е тоа клучната реформа која треба да се направи, простете, но јас нема да ја направам“, рече Мицкоски.
