Мицкоски: Ќе има втор круг во Град Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Јас очекувам да Данела Арсовска води во првиот круг против Петре Шилегов, но имајќи во предвид консталацијата и мерењата на јавните мислења со кои што ние располагаме би бил реален и би рекол дека да, ќе има втор круг за Градот Скопје“.

Ова во вечерашното гостување на ТВ21 го истакна претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој додава и дека во првиот круг ќе победи листата на советници на ВМРО-ДПМНЕ предводена од проф. д-р Трајко Славевски.