Мицкоски: Ќе обезбедиме филтри за оџаци за домаќинства кои се греат на дрва, со цел да го намалиме загадувањето

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски, со цел намалуваењ на аерозагадувањето, исакна дека на владина седница ќе се размислува за обезбедување на филтри за оџаците за оние кои се греат на дрва или на тешки фосилни горива.

„Размислуваме во насока, како што субвеционираме сметки, на 5 до 10 илјади домаќинства да им обезбедиме филтри на оџаците, на оние кои користат дрва или други фосилни горива за греење. Работев на оваа проблематика и градовите кои се зафатиле со ваков тип на мерки, имале намалено загаедување. Обезбедувањето ќе оди на принципот „прв дојден, прв услужен“. Исто така и државните институции кои користат ваков тип на гориво за греење, ќе добијат филтри“, изјави Мицкоски.