Мицкоски ќе се обрати на јавноста во 12:30 часот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, закажа прес-конференција за денеска во 12:30 часот. Вчера Мицкоски не се обрати на јавноста после изборите, а тоа ќе го стори во текот на денешниот ден.

Мицкоски ќе зборува за вчерашниот изборен ден и за резултатите, кои засега говорат дека СДСМ има два мандати повеќе од ВМРО-ДПМНЕ.

Генералниот секретар на партијата Игор Јанушев вчера истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе влезе во трката за формирање на влада.