Мицкоски: Кој повеќе лаже за вакцините? Премиерот или Претседателот?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Кој повеќе лаже? Премиерот или Претседателот?“, прашува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по спротивставените изјави на Заев и на Пендаровски.

Заев претходно во обфаќање на медиумите рече дека договорот од Фајзер е стигнат, и дека до крајот на месецов ќе ги имаме првите вакцини директно од оваа компанија.

Вчера претседателот Пендаровски во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 објасни дека имале комуникација со Фајзер, и добиле одговор дека Фајзер не разговараат за земји со помалку од 2 милиони жители.

„Кој повеќе лаже? Премиерот или Претседателот?Факт е дека Македонија, освен неколкуте илјади донирани, уште не виде ниту една вакцина од било кој произведувач.#Оставка на најнеспособната Влада!“, напиша Мицкоски.