Мицкоски кон Заев: Опседнати сте со Груевски, а неговите некогашни соработници сега се ваши

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на дуелот со Зоран Заев на Канал 5 ТВ, му рече дека е опседнат со Никола Груевски.

„Истата матрица, како да го слушам Никола Груевски“, рече Заев, а Мицкоски му одговори:

„Господине Заев, вие сте опседнати со Груевски. Неговите соработници сега се ваши соработници, ви седат во скутот“, рече Мицкоски.